Sunday, January 5, 2014

општа естетика или личен избор?

Колку сум среќна не знам ни сама. Подобро што не знам,затоа што непланираното (како што беше одењето на село, но за тоа нема да пишувам затоа што сеуште телото позитивно ми вибрира кога помислувам на таа вечер), неочекуваното и по малку мистериозното секогаш ги сметам за подобри. Сакам да откривам и чекор по чекор да бидам откриена која сум всушност јас - од оние вистинските секако.
Постов е за еден од вистинските, за онај највистинскиот, мојот сакан.
Ме исполнува. Ми го разубавува животот и истовремено ме учи. Се што научив од него верувам дека никогаш од никого немаше да го научам и ништо од тоа немаше да добијам - толкава љубов отвореност и добрина тешко се наоѓа.
А тој е таков - свој, добар, искрен и  неверојатно сладок. Просто човек да неможе да му одолее, а камо ли јас која сум луда по него. Вљубена во него, неговите размислувања дела и зборови. Затоа што е свој и не го интересира што мислат другите додека го прави својот избор за кој смета дека е најдобар. Убав човек, многу убав. Всушност естетика не постои. Нашите очи ја прават поделбата и класификацијата. Ние одлучуваме дали некој е убав или не кога ке ја дознаеме неговата внатрешност. Нели има колачи и фасади кои изгледаат супер од надвор а изобилуваат со неред и крш од внатре. Контрастна комбинација но прва ми падна на памет за да го доловам она што сакав да го кажам. А мојот љубен е неверојатно добар и убав.
Како што почнав да не се оддалечувам од темата резервирана за денес. Посебен е онај оргазам кој го добиваш чудејќи и радувајќи им се на нештата. И посебни се оние личности, лличности кои само тие можат да ни го доловат тоа посебно чувство.

No comments:

Post a Comment