Wednesday, January 22, 2014

Јас и мојата замисла за животот и времето

Едно време додека растеш и старееш стануваш се поубав и поубав. Потоа обратно. Ама некои личности засекогаш ке ми бидат многу убави! Прекрасни! Убавината ја прави карактерот и спомените. Некој може да биде колку и да сака убав, но кога ке отвори уста сето тоа да пропадне во вода.. Но затоа во оној другиот можеш многу лесно да се заљубиш! А кога си заљубен се е поубаво. Се е поживо и си во состојба светот да го гледаш во сите можни бои. Не сум на страната на розевиот свет, и не ни сакам да бидам. Розево. Викаат убаво било кога некој ке рече 'розов свет' но и тоа е еднобојно нели? Како црното.. и како белото. Како што растам воочувам дека многу нешта се променуваат, како во околината така и во мене. Би рекла дури и промените во околината зависат од мене. Можеби никогаш ништо не се сменило освен нашиот поглед кон светот и личен став., А можеби зависи и од нешто друго, ете сепак тоа е само мое мислење. Би рекла дека со текот на животот, учиме на грешките - како што би рекле многу други, но сведок сум како некои иако ја добиле својата лекицја тие повторно и повторно ја повторуваат истата! Можеби се желни за авантура, или па се навикнати да гледаат монотоност и едно па исто? Јас, обожавам промени и сакам да експериментирам и уживам. За себе би рекла дека сум доста љубопитна и радознала. Но кога се работи за личности од мојот живот воопшто не сакам да сменам никого! Тешко сум прилагодлива, а и не сум склона кон промени на тоа поле. Сакам засекогаш да ги имам, тие што ги имам сега. А да се разбереме, запознавања секако доаѓаат во обзир, но не и она спротивното. И секогаш ке се трудам, се што ке добијам да задржам. Вака животот ни изгледа многу долг, но со секој нареден роденден сфаќам дека времето лета, но сите тие добри спомени, остануваат засекогаш. Си чувам разни лифчиња, карти, влезници, пораки, писменца и слични такви работи ако сум била некаде, сум посетила нешто.. И почнав да ваѓам фотографии. Секако дека преку интернетот и компјутерот постојано се со нас и може да ги гледаме кога ке посакаме, сепак она чувство е посебно кога листаш низ албумчето! А досега најдобар подарок ми е најубавото писменце и срценцето за ланскиот роденден, кој воедно беше и еден добар почеток, и ден за паметење! И книга.. се надевам бесконечна, од оние на кои на крајот им пишува довршете ги сами.. Нека биде се во најдобар ред. Ви пишувам наредна прилика!

No comments:

Post a Comment