Friday, January 17, 2014

Среќка!

Нешто од внатре секогаш ме влечеше на позитивно па колку и стравот да сакаше да ме оттргне од оптимизмот. Но пред тој да ме оттргне од тоа, јас го отргнав него. Сега сум целата исполнета со среќа, надеж и искри кои ми го пламнуваат срцето и мозокот поткрепувајќи нови идеи планови и изненадувања за во иднина. Колку еден отворен муабет може да ги избрише сите негативности и сите да ги речам 'нечистотии' кои се обидуваат да ни го опседнат мозокот од време на време. Да нагласам, од секогаш му верував. Не знам зошто уште при првиот поглед, верував дека се работи за искрена личност. И не погрешив. Има некоја посебна искра во неговите очи која пламнува од искреност и добрина. Некоја зараза на која на можеш да и одолееш. Дрога која е посилна од сите останати! Не, тоа не беше никаква недоверба, туку само страв, од она што ако? Знаев дека картите веќе ни се отворени и дека отворено зборуваме за секоја работа. Ама ете останала некоја ронка и од тоа, што е сосем нормално и верувам дека се јавува кај секој човек што е лудо заљубен. Можеби не е свесен, но со секој негов збор тој ме усреќува и ја зацврстува нашата љубов повеќе и повеќе. Веќе нема простор за било какво непотребно нервирање - трошење на скапоценото време кое го минуваме заедно.
Сакам да биде слободен, и мој. Сакам да не чувствува никаков притисок од моја страна, како што не чувствувам ни јас од негова. И така и се трудам. Да биде се добро и релаксирано, па нели една врска треба да биде исполнета со љубов разбирање и насмевки? А оваја мојава, е онаа за која сонував и не верував дека некогаш ке се исполни. Не верував ни дека постојат луѓе како него, зарем има уште толку искрени и отворени? Некој ке си рече - па 16 години што се разбира таа од љубов?
Ама и не се разбирам. Љубовта не е нешто што може да се разбере, да се дефинира. Таа само може да се почувствува а јас ја почувствував со целото мое срце.
Со десни комори преткомори, леви, абе со сите делови! Немам зборови. Само да го гледам и да го сакам повеќе и повеќе. Уште една работа што ја научив од него е дека во љубовта зборовите немаат важна улога, но затоа делата и оние искрени погледи и размени на мисли без да се кажат со зборови и тоа како вредат! Ме научи како букварче, но јас секогаш ке се трудам нешто да сокријам и нешто ново да научам за подоцна да му го покажам и да го изненадам, затоа што викаат мистериозното секогаш ке биде интересно! Се што правам правам од срце, и никогаш нема да се покаам за тоа. Затоа што тој е личност, од оние ретките кои вреди да се чуваат и да се разгалуваат!

No comments:

Post a Comment