Tuesday, December 31, 2013

постои или?

Понекогаш страшно ја губам самодовербата. Ја губам надежта и оптимизмот. А каде ли одат, врска немам. Во тој момент можам само да седам, да ќутам и да размислувам. Да размислувам за неубави работи, за она - што ако? Размислувам. Многу. За мене за пријателите за љубовта.
Зошто ваква несигурност понекогаш? - се прашувам. И не знам. А знам дека нема потреба, знам дека се нервирам за глупости. Всушност сите се нервираме само за глупости. Глупостите го чинат животот. Сите проблеми се случуваат во нашата глава. Но некогаш навистина нема потреба. Не знам ни сама дали има или нема, еден момент сум среќна веќе другиот се плашам. А зошто се плашам? И имало и има и ќе има подобри, магијата е да го најдеш тој што нема да му биде битно тоа. Ама така е кога сакаш. Веќе знаете за љубениот пишувам и овој пат за тој што ми е инспирација во ова предновогодишно исфрлање на сите стравови и сите негативни мисли.
Зошто воопшто постои стравот и лошото? Или поточно не постојат, се тоа е дел на нашата имагинација? Недостаток на самодоверба, недостаток на добрина? Така мислам и јас, сите проблеми ги створуваме ние луѓето. Во новава година решив некои работи да сменам. Не личности туку особини. Не доброто туку она спротивното. Не мислам на ништо, не го оптоварувам мозоков. Не се замарам со небитни работи затоа што се е минливо нели? Зошто да не уживаме додека трае?
Да живееме по нашки. И да продолжиме да се сакаме по нашки, како до сега. Дури и повеќе.

No comments:

Post a Comment