Засекогаш. Не толку долг збор, но со огромно значење. Еден збор, протолкуван на милиони начини од милиони различни луѓе со различни ставови. Некои веруваат во него, други пак сметаат дека не ни постои, и дека е само една грандиозна заблуда! Што мислите вие?
Постои или сепак тоа е само, дел од онаа надеж и нејзин сопатник?
Единствено нешто што ме буни, е што кога се работи за љубов и добар живот никој не верува во она засекогаш, но кога се работи за нешто лошо, за одреден период од нашиот живот - сите помислуваме на моменти дека ке трае засекогаш нели?
Јас лично верувам во она засекогаш. Верувам дека со тоа засекогаш се раѓаме. Ние самите одлучуваме дали тоа ке постои или не, како одлика на нашите дела. Викаат мисли позитивно за да биде позитивно! Како размислуваш, таков и стануваш. Потполно се согласувам со тоа. И да она засекогаш постои. Сведоци сме секојдневно, на многу луѓе кои успеале во својот живот, кои имаат изградено добра личност од себе и цврста и стабилна иднина за себе си. Има многу љубовни врски кои траат целиот живот на љубовниците, заедно. Но и тоа е до луѓето. Не можеш да бидеш засекогаш со оној што смета дека тоа засекогаш не постои! А кога ја имаш вистинската личност покрај себе си, онаа која те смее, која ти го разубавува секој ден кога е покрај тебе, кога иако не е крај тебе утрото кога ке се разбудиш, се будиш со насмевка и помисла на неа и со нетрпение да ја видиш..
Е тогаш и засекогаш е малку! Сакаш се повеќе и повеќе!
И цела вечност не би била доволна, затоа што нели кога си среќен и задоволен времето брзо минува. А знаеме дека на никому животот не може да му биде сјаен. Сите тие препреки, сите тие пречки кои на моменти ни ја удираат самодовербата и не маваат од подот со цела своја сила, сите тие се дел од она засекогаш. Лекции кои треба да ги научиме. Затоа што спротиставеностите се привлекуваат. Но, верувам дека меѓу нив има и толку многу слични нешта за кои вреди да се бориш и во кои уживаш предавајќи се на моментите кога сте заедно!
Нешто чудно е ова засекогаш. Но јас верувам.
И се надевам дека еден ден повторно ке зборувам за тоа засекогаш. Но не овде, не вам..
На моите деца.. на моите стари пријателки.. Сеќавајќи се дека доброто секогаш победува и вистинската љубов не може да биде срушена. Сеќавајќи се на тоа, додека се гушкам со мојот сакан!
Затоа што ако тоа нешто е вистинско, сите патишта ке ве водат еден кон друг. Засекогаш!
No comments:
Post a Comment