мислите на една различна поединка
Monday, February 17, 2014
мислите на една различна поединка: Психопат или.. Не знам.
мислите на една различна поединка: Психопат или.. Не знам.: Ти ебам мозокот. Ке ти дојде мисла, зошто си направил, зошто си реагирал така. Попрво зошто ли така си размислувал. И така се од ново. И се...
Психопат или.. Не знам.
Ти ебам мозокот. Ке ти дојде мисла, зошто си направил, зошто си реагирал така. Попрво зошто ли така си размислувал. И така се од ново. И се мислам така. Легнувам и пак мислам, уствари тогаш мислам најмногу. Што, зошто, и што ако. Тоа што ако, ке го убијам. Ке го протерам веќе еднаш засекогаш затоа што моментално е единствената работа што ме нервира. Зошто да мора да има што ако и да ги планирам работите што ако биде вака, онака, на овој, или на оној начин? Па штом е отворено, кажано нема потреба за нервози. За верување не е до тоа. Верувам многу. Но се плашам ли? Да. Искрено да, понекогаш. Кога ке ме потера на таму мозокот. Еве на пример како сега, четири саатот по полноќ, а мене мозоков ме силува како што си сака. Ама мислам дека е редно време да ги замениме улогите. На место тој мене да ме ебава, дај малце јас него. Да уживам и да престанам да размислувам за се што е негативно. Па и онака е еден животот а и како да речам, само јас можам да разберам на тој начин и да го искажам со тие зборови, така да не верувам дека ке бидам точно разбрана. Ма да, не мислам ради мене, туку ради тебе, пошто те сакам. Многу, не знам зошто, не знам кога почнав ама те сакам од првиот поглед. А и стално ми викаш, ме поучуваш. Ти верувам. А и знам дека е точно тоа што го кажуваш. Сепак важно е како изгледа а не што е општа вистина нели? Во право си, за се. А и па да те послушам како постар нели? Биди ми мој учител и понатаму. Дај учи ме како треба да стојат работите, за што треба, а за што нема потреба да размислувам и да го заморувам мозоков. Дај научи ме уште повеќе да уживам во работите и да не се замарам за ништо. Само да уживам. Во убавото, во нас двајца. Во среќата, насмевките, пиењето и се друго. Ти се предавам, затоа што со секој твој збор ти истеруваш по некоја од овие психотични мисли кои ми се вртат во главата. Твоја сум. И успеваш да ме скротиш, ти симнувам капа. Те сакам.
Thursday, January 23, 2014
Засекогаш.
Засекогаш. Не толку долг збор, но со огромно значење. Еден збор, протолкуван на милиони начини од милиони различни луѓе со различни ставови. Некои веруваат во него, други пак сметаат дека не ни постои, и дека е само една грандиозна заблуда! Што мислите вие?
Постои или сепак тоа е само, дел од онаа надеж и нејзин сопатник?
Единствено нешто што ме буни, е што кога се работи за љубов и добар живот никој не верува во она засекогаш, но кога се работи за нешто лошо, за одреден период од нашиот живот - сите помислуваме на моменти дека ке трае засекогаш нели?
Јас лично верувам во она засекогаш. Верувам дека со тоа засекогаш се раѓаме. Ние самите одлучуваме дали тоа ке постои или не, како одлика на нашите дела. Викаат мисли позитивно за да биде позитивно! Како размислуваш, таков и стануваш. Потполно се согласувам со тоа. И да она засекогаш постои. Сведоци сме секојдневно, на многу луѓе кои успеале во својот живот, кои имаат изградено добра личност од себе и цврста и стабилна иднина за себе си. Има многу љубовни врски кои траат целиот живот на љубовниците, заедно. Но и тоа е до луѓето. Не можеш да бидеш засекогаш со оној што смета дека тоа засекогаш не постои! А кога ја имаш вистинската личност покрај себе си, онаа која те смее, која ти го разубавува секој ден кога е покрај тебе, кога иако не е крај тебе утрото кога ке се разбудиш, се будиш со насмевка и помисла на неа и со нетрпение да ја видиш..
Е тогаш и засекогаш е малку! Сакаш се повеќе и повеќе!
И цела вечност не би била доволна, затоа што нели кога си среќен и задоволен времето брзо минува. А знаеме дека на никому животот не може да му биде сјаен. Сите тие препреки, сите тие пречки кои на моменти ни ја удираат самодовербата и не маваат од подот со цела своја сила, сите тие се дел од она засекогаш. Лекции кои треба да ги научиме. Затоа што спротиставеностите се привлекуваат. Но, верувам дека меѓу нив има и толку многу слични нешта за кои вреди да се бориш и во кои уживаш предавајќи се на моментите кога сте заедно!
Нешто чудно е ова засекогаш. Но јас верувам.
И се надевам дека еден ден повторно ке зборувам за тоа засекогаш. Но не овде, не вам..
На моите деца.. на моите стари пријателки.. Сеќавајќи се дека доброто секогаш победува и вистинската љубов не може да биде срушена. Сеќавајќи се на тоа, додека се гушкам со мојот сакан!
Затоа што ако тоа нешто е вистинско, сите патишта ке ве водат еден кон друг. Засекогаш!

Wednesday, January 22, 2014
Јас и мојата замисла за животот и времето
Едно време додека растеш и старееш стануваш се поубав и поубав.
Потоа обратно.
Ама некои личности засекогаш ке ми бидат многу убави! Прекрасни! Убавината ја прави карактерот и спомените. Некој може да биде колку и да сака убав, но кога ке отвори уста сето тоа да пропадне во вода.. Но затоа во оној другиот можеш многу лесно да се заљубиш! А кога си заљубен се е поубаво. Се е поживо и си во состојба светот да го гледаш во сите можни бои. Не сум на страната на розевиот свет, и не ни сакам да бидам. Розево. Викаат убаво било кога некој ке рече 'розов свет' но и тоа е еднобојно нели? Како црното.. и како белото.
Како што растам воочувам дека многу нешта се променуваат, како во околината така и во мене. Би рекла дури и промените во околината зависат од мене. Можеби никогаш ништо не се сменило освен нашиот поглед кон светот и личен став., А можеби зависи и од нешто друго, ете сепак тоа е само мое мислење. Би рекла дека со текот на животот, учиме на грешките - како што би рекле многу други, но сведок сум како некои иако ја добиле својата лекицја тие повторно и повторно ја повторуваат истата! Можеби се желни за авантура, или па се навикнати да гледаат монотоност и едно па исто? Јас, обожавам промени и сакам да експериментирам и уживам. За себе би рекла дека сум доста љубопитна и радознала. Но кога се работи за личности од мојот живот воопшто не сакам да сменам никого! Тешко сум прилагодлива, а и не сум склона кон промени на тоа поле. Сакам засекогаш да ги имам, тие што ги имам сега. А да се разбереме, запознавања секако доаѓаат во обзир, но не и она спротивното.
И секогаш ке се трудам, се што ке добијам да задржам.
Вака животот ни изгледа многу долг, но со секој нареден роденден сфаќам дека времето лета, но сите тие добри спомени, остануваат засекогаш. Си чувам разни лифчиња, карти, влезници, пораки, писменца и слични такви работи ако сум била некаде, сум посетила нешто.. И почнав да ваѓам фотографии. Секако дека преку интернетот и компјутерот постојано се со нас и може да ги гледаме кога ке посакаме, сепак она чувство е посебно кога листаш низ албумчето!
А досега најдобар подарок ми е најубавото писменце и срценцето за ланскиот роденден, кој воедно беше и еден добар почеток, и ден за паметење! И книга.. се надевам бесконечна, од оние на кои на крајот им пишува довршете ги сами..
Нека биде се во најдобар ред.
Ви пишувам наредна прилика!
Friday, January 17, 2014
Среќка!
Нешто од внатре секогаш ме влечеше на позитивно па колку и стравот да сакаше да ме оттргне од оптимизмот. Но пред тој да ме оттргне од тоа, јас го отргнав него. Сега сум целата исполнета со среќа, надеж и искри кои ми го пламнуваат срцето и мозокот поткрепувајќи нови идеи планови и изненадувања за во иднина. Колку еден отворен муабет може да ги избрише сите негативности и сите да ги речам 'нечистотии' кои се обидуваат да ни го опседнат мозокот од време на време. Да нагласам, од секогаш му верував. Не знам зошто уште при првиот поглед, верував дека се работи за искрена личност. И не погрешив. Има некоја посебна искра во неговите очи која пламнува од искреност и добрина. Некоја зараза на која на можеш да и одолееш. Дрога која е посилна од сите останати! Не, тоа не беше никаква недоверба, туку само страв, од она што ако? Знаев дека картите веќе ни се отворени и дека отворено зборуваме за секоја работа. Ама ете останала некоја ронка и од тоа, што е сосем нормално и верувам дека се јавува кај секој човек што е лудо заљубен. Можеби не е свесен, но со секој негов збор тој ме усреќува и ја зацврстува нашата љубов повеќе и повеќе. Веќе нема простор за било какво непотребно нервирање - трошење на скапоценото време кое го минуваме заедно.
Сакам да биде слободен, и мој. Сакам да не чувствува никаков притисок од моја страна, како што не чувствувам ни јас од негова. И така и се трудам. Да биде се добро и релаксирано, па нели една врска треба да биде исполнета со љубов разбирање и насмевки? А оваја мојава, е онаа за која сонував и не верував дека некогаш ке се исполни. Не верував ни дека постојат луѓе како него, зарем има уште толку искрени и отворени? Некој ке си рече - па 16 години што се разбира таа од љубов?
Ама и не се разбирам. Љубовта не е нешто што може да се разбере, да се дефинира. Таа само може да се почувствува а јас ја почувствував со целото мое срце.
Со десни комори преткомори, леви, абе со сите делови! Немам зборови. Само да го гледам и да го сакам повеќе и повеќе. Уште една работа што ја научив од него е дека во љубовта зборовите немаат важна улога, но затоа делата и оние искрени погледи и размени на мисли без да се кажат со зборови и тоа како вредат! Ме научи како букварче, но јас секогаш ке се трудам нешто да сокријам и нешто ново да научам за подоцна да му го покажам и да го изненадам, затоа што викаат мистериозното секогаш ке биде интересно! Се што правам правам од срце, и никогаш нема да се покаам за тоа. Затоа што тој е личност, од оние ретките кои вреди да се чуваат и да се разгалуваат!

Sunday, January 5, 2014
општа естетика или личен избор?
Колку сум среќна не знам ни сама. Подобро што не знам,затоа што непланираното (како што беше одењето на село, но за тоа нема да пишувам затоа што сеуште телото позитивно ми вибрира кога помислувам на таа вечер), неочекуваното и по малку мистериозното секогаш ги сметам за подобри. Сакам да откривам и чекор по чекор да бидам откриена која сум всушност јас - од оние вистинските секако.
Постов е за еден од вистинските, за онај највистинскиот, мојот сакан.
Ме исполнува. Ми го разубавува животот и истовремено ме учи. Се што научив од него верувам дека никогаш од никого немаше да го научам и ништо од тоа немаше да добијам - толкава љубов отвореност и добрина тешко се наоѓа.
А тој е таков - свој, добар, искрен и неверојатно сладок. Просто човек да неможе да му одолее, а камо ли јас која сум луда по него. Вљубена во него, неговите размислувања дела и зборови. Затоа што е свој и не го интересира што мислат другите додека го прави својот избор за кој смета дека е најдобар. Убав човек, многу убав. Всушност естетика не постои. Нашите очи ја прават поделбата и класификацијата. Ние одлучуваме дали некој е убав или не кога ке ја дознаеме неговата внатрешност. Нели има колачи и фасади кои изгледаат супер од надвор а изобилуваат со неред и крш од внатре. Контрастна комбинација но прва ми падна на памет за да го доловам она што сакав да го кажам. А мојот љубен е неверојатно добар и убав.
Како што почнав да не се оддалечувам од темата резервирана за денес. Посебен е онај оргазам кој го добиваш чудејќи и радувајќи им се на нештата. И посебни се оние личности, лличности кои само тие можат да ни го доловат тоа посебно чувство.

Tuesday, December 31, 2013
постои или?
Понекогаш страшно ја губам самодовербата. Ја губам надежта и оптимизмот. А каде ли одат, врска немам. Во тој момент можам само да седам, да ќутам и да размислувам. Да размислувам за неубави работи, за она - што ако? Размислувам. Многу. За мене за пријателите за љубовта.
Зошто ваква несигурност понекогаш? - се прашувам. И не знам. А знам дека нема потреба, знам дека се нервирам за глупости. Всушност сите се нервираме само за глупости. Глупостите го чинат животот. Сите проблеми се случуваат во нашата глава. Но некогаш навистина нема потреба. Не знам ни сама дали има или нема, еден момент сум среќна веќе другиот се плашам. А зошто се плашам? И имало и има и ќе има подобри, магијата е да го најдеш тој што нема да му биде битно тоа. Ама така е кога сакаш. Веќе знаете за љубениот пишувам и овој пат за тој што ми е инспирација во ова предновогодишно исфрлање на сите стравови и сите негативни мисли.
Зошто воопшто постои стравот и лошото? Или поточно не постојат, се тоа е дел на нашата имагинација? Недостаток на самодоверба, недостаток на добрина? Така мислам и јас, сите проблеми ги створуваме ние луѓето. Во новава година решив некои работи да сменам. Не личности туку особини. Не доброто туку она спротивното. Не мислам на ништо, не го оптоварувам мозоков. Не се замарам со небитни работи затоа што се е минливо нели? Зошто да не уживаме додека трае?
Да живееме по нашки. И да продолжиме да се сакаме по нашки, како до сега. Дури и повеќе.

Subscribe to:
Posts (Atom)