Sunday, December 29, 2013

другарот без желба

Вчера вечер се допишував со еден другар, депримиран и разочаран од се. Како судбината се што можела да му донесе на еден тинејџер му фрлила нему. Вистината е дека сите понекогаш се чувствуваме така, тажни и како да сме на работ на светот - поради некоја причина, но како што напоменав на моменти. Ова што му се случува нему е нешто поинаку, му се случува со недели. Кога и да се слушниме е така. Разурнат и разочаран. А и го разбирам. Бидејќи имаше добра маска ставено до пред некое време, а и сега што некој што не би му кажал дека не е добро не би ни приметил. А и симпатија ми беше некогаш порано, токму поради неговата скромност и добрина. Настрана тоа, како брат го чувствувам. Сакам да му помогнам а неможам. Сакам, а како кога тој нема ниту една позитивна цел зацртано за да се бори? Како кога ни тој самиот не сака да си помогне? Кога е жеден само за одмазда и полн со негативни мисли кои го маваат од подот една по една.. Не знам ни што му тежи, како што вели и самиот не се отвора пред никого. Зборуваме како во шифри. Зборуваме за животот и за целите. За подигнувањата и падовите. Можам да почувствувам дека носи тежина во себе иако не знам точно за што се работи. Но ке го сослушам. Слушањето некогаш е најдобар совет и најголема поддршка нели?..

No comments:

Post a Comment