Врнежлив ден, се познаваше уште по самото утро дека ке биде почеток на една нова страна на времево. Темно, врнежливо и студено. Со будење на есента се будат две личности во мене. Едната со убави оптимистички чувства која ужива да шета на дождот и која обожава топол чај, дебело ќебе и уживање во паѓањето на капките дожд. Уште саканиот да е тука и се би било совршено. Но нели ништо во животот неможе да биде така. Другата личност би го проценила времето како многу лошо темно и мрачно без сјај кој означува среќа.
Но секое време со свои карактеристики, и убави и по малку здодевни. Исто како и секој ден, различен. Кога би не прашале што има ново во нашиот живот, би рекле се е старо нема ништо. И во моментот кога би го кажала тоа јас навистина мислам така, но кога потемелно ке разгледаме и ке размислиме за минатото, било пред два дена или пред еден месец, не е баш исто како што кажуваме. Има нешто различно, што доаѓа со секој нов ден.
Денес лежев, слушав тивка музика и гледав низ прозорецот, после незнам колку долго време. Да ме видеше некој можеби ке речеше дека му изгледам како некоја личност од филмовите што глуми изгубен лудак во простор и време. Па и да рече, кому му е грижа.
Размислував. Размислував многу. Колку имам во животов што некој друг го нема. Колку пати сум кажала нешто што не сум мислела. Колку работи сум направила да се гордеам, колку да се каам. Колку многу сакам. Колку многу се чувствувам сакано. Последниве ме тераат да фантазирам, да живеам во еден друг свет различен од овај наш монотоно-контрастен свет.
Ке речам ексурзија со мозокот. Не ме преокупира некоја тема или некоја случка да да ме инспирира или испровоцира па да се истрошам овде. Но утре е нов ден. Специјален за мене. Ден што најмногу го сакам, поради две причини. Но за тоа утре. Нов ден во кој ке се радувам, смеам, глупирам и чудам колку брзо поминува времето.
No comments:
Post a Comment