Понекогаш страшно ја губам самодовербата. Ја губам надежта и оптимизмот. А каде ли одат, врска немам. Во тој момент можам само да седам, да ќутам и да размислувам. Да размислувам за неубави работи, за она - што ако? Размислувам. Многу. За мене за пријателите за љубовта.
Зошто ваква несигурност понекогаш? - се прашувам. И не знам. А знам дека нема потреба, знам дека се нервирам за глупости. Всушност сите се нервираме само за глупости. Глупостите го чинат животот. Сите проблеми се случуваат во нашата глава. Но некогаш навистина нема потреба. Не знам ни сама дали има или нема, еден момент сум среќна веќе другиот се плашам. А зошто се плашам? И имало и има и ќе има подобри, магијата е да го најдеш тој што нема да му биде битно тоа. Ама така е кога сакаш. Веќе знаете за љубениот пишувам и овој пат за тој што ми е инспирација во ова предновогодишно исфрлање на сите стравови и сите негативни мисли.
Зошто воопшто постои стравот и лошото? Или поточно не постојат, се тоа е дел на нашата имагинација? Недостаток на самодоверба, недостаток на добрина? Така мислам и јас, сите проблеми ги створуваме ние луѓето. Во новава година решив некои работи да сменам. Не личности туку особини. Не доброто туку она спротивното. Не мислам на ништо, не го оптоварувам мозоков. Не се замарам со небитни работи затоа што се е минливо нели? Зошто да не уживаме додека трае?
Да живееме по нашки. И да продолжиме да се сакаме по нашки, како до сега. Дури и повеќе.
Tuesday, December 31, 2013
Sunday, December 29, 2013
искрената љубов која ме смени на подобро
Koга го слушам неговиот глас, тоа е најубавата музика за моите уши.. тоа е најголемото уживање и богатство - да го имаш покрај тебе оној што го сакаш, оној покрај кого се чувствуваш сакано и убаво. Ја имам таа среќа но понекогаш се прашувам до кога? Што ако еден ден се разбуди и свати дека можеби јас не сум таа вистинската, што ако еден ден се откаже од мене? Но кога ке размислам поубаво таквите мисли не носат никакви убавини туку само водат кон она спротивното. Престанав да размислувам за тоа ги бркам негативните мисли. Ги отворам портите кон убавото и добрата надеж. Кон фантазијата и љубовта. Давам се од себе и се отворам тотално пред него. Затоа што го сакам. Затоа што е првиот што му верувам. Незнам како но го има онај посебен поглед и карактер на кој неможам да му одолеам. Му верувам па нека биде како ке биде. Уживам во љубовта, уживам во нас.
другарот без желба
Вчера вечер се допишував со еден другар, депримиран и разочаран од се. Како судбината се што можела да му донесе на еден тинејџер му фрлила нему. Вистината е дека сите понекогаш се чувствуваме така, тажни и како да сме на работ на светот - поради некоја причина, но како што напоменав на моменти. Ова што му се случува нему е нешто поинаку, му се случува со недели. Кога и да се слушниме е така. Разурнат и разочаран. А и го разбирам. Бидејќи имаше добра маска ставено до пред некое време, а и сега што некој што не би му кажал дека не е добро не би ни приметил. А и симпатија ми беше некогаш порано, токму поради неговата скромност и добрина. Настрана тоа, како брат го чувствувам. Сакам да му помогнам а неможам. Сакам, а како кога тој нема ниту една позитивна цел зацртано за да се бори? Како кога ни тој самиот не сака да си помогне? Кога е жеден само за одмазда и полн со негативни мисли кои го маваат од подот една по една.. Не знам ни што му тежи, како што вели и самиот не се отвора пред никого. Зборуваме како во шифри. Зборуваме за животот и за целите. За подигнувањата и падовите. Можам да почувствувам дека носи тежина во себе иако не знам точно за што се работи. Но ке го сослушам. Слушањето некогаш е најдобар совет и најголема поддршка нели?..
Subscribe to:
Posts (Atom)