Monday, November 11, 2013

мозок на екскурзија

Врнежлив ден, се познаваше уште по самото утро дека ке биде почеток на една нова страна на времево. Темно, врнежливо и студено. Со будење на есента се будат две личности во мене. Едната со убави оптимистички чувства која ужива да шета на дождот и која обожава топол чај, дебело ќебе и уживање во паѓањето на капките дожд. Уште саканиот да е тука и се би било совршено. Но нели ништо во животот неможе да биде така. Другата личност би го проценила времето како многу лошо темно и мрачно без сјај кој означува среќа.
Но секое време со свои карактеристики, и убави и по малку здодевни. Исто како и секој ден, различен. Кога би не прашале што има ново во нашиот живот, би рекле се е старо нема ништо. И во моментот кога би го кажала тоа јас навистина мислам така, но кога потемелно ке разгледаме и ке размислиме за минатото, било пред два дена или пред еден месец, не е баш исто како што кажуваме. Има нешто различно, што доаѓа со секој нов ден.
Денес лежев, слушав тивка музика и гледав низ прозорецот, после незнам колку долго време. Да ме видеше некој можеби ке речеше дека му изгледам како некоја личност од филмовите што глуми изгубен лудак во простор и време. Па и да рече, кому му е грижа.
Размислував. Размислував многу. Колку имам во животов што некој друг го нема. Колку пати сум кажала нешто што не сум мислела. Колку работи сум направила да се гордеам, колку да се каам. Колку многу сакам. Колку многу се чувствувам сакано. Последниве ме тераат да фантазирам, да живеам во еден друг свет различен од овај наш монотоно-контрастен свет.
Ке речам ексурзија со мозокот. Не ме преокупира некоја тема или некоја случка да да ме инспирира или испровоцира па да се истрошам овде. Но утре е нов ден. Специјален за мене. Ден што најмногу го сакам, поради две причини. Но за тоа утре. Нов ден во кој ке се радувам, смеам, глупирам и чудам колку брзо поминува времето.

Sunday, November 10, 2013

која сум јас?

Обична нормална 16годишна девојка.
Задоволна со многу малку, незадоволна од ништо - кој како ке ме разбере.
Задоволна од љубов другарство, многу мали но искрени мисли, поклончиња од мала група на луѓе кои вредат. Многу ама баш многу незадоволна од лугето посебно од лицемерни и оние што го кријат сопственото мислење а кажуваат сосема трето. Злобни зависни и жедни за пари. Е така најдобро би ги опишала лугето. Им се восхитуваат на "богатата другарка, другарот што фатил на спортска, што се пијанчи и влечи по патот само за утредента да се фали дека бил пијан и многу јако си поминал'' а не на радителите или на некои обични луѓиња кои со пот успеале во животот, на некои кои иако немаат успеано ништо - сеуште се борат.
Се би направиле да се променат физички, психички а ништо за да се чуствуваат добро во своја кожа. Зарем незнаат дека ние колку и да се трудиме секогаш ке бидиме едни исти?
Некои би рекле какви проблеми на таа возраст но верувајте секој има проблеми, уште при првото постоење. Најмногу што ме нервира кога повеќе акцентираат на проблемите од што на среќните моменти па макар и колку мали да се.
Животот го разбирам како солза пролеана на човечкото лице. Може да биде горчлива но може да биде и радосница, нели ?
Имам многу познаници, но немам многу другари. Имам четворица што навистина ги сакам вклучувајќи го и дечко ми. Се би сторила за нив, и верувам дека и тие за мене.
Имам постар брат кој колку повеќе растам толку повеќе го сваќам иако до пред некое време беше чуден неандерталец за мене.
Која сум јас?
Никогаш не сум знаела целосно да се отворам при почетокот, па еве чувствувам тежина и сега.
Ке пишувам за мојот живот и моите ставови и мислења околу него. За околината во која живеам и луѓето кои ми се блиски - некои во срцето, некои само блиску во вистинска смисла на зборот.