Monday, February 17, 2014

мислите на една различна поединка: Психопат или.. Не знам.

мислите на една различна поединка: Психопат или.. Не знам.: Ти ебам мозокот. Ке ти дојде мисла, зошто си направил, зошто си реагирал така. Попрво зошто ли така си размислувал. И така се од ново. И се...

Психопат или.. Не знам.

Ти ебам мозокот. Ке ти дојде мисла, зошто си направил, зошто си реагирал така. Попрво зошто ли така си размислувал. И така се од ново. И се мислам така. Легнувам и пак мислам, уствари тогаш мислам најмногу. Што, зошто, и што ако. Тоа што ако, ке го убијам. Ке го протерам веќе еднаш засекогаш затоа што моментално е единствената работа што ме нервира. Зошто да мора да има што ако и да ги планирам работите што ако биде вака, онака, на овој, или на оној начин? Па штом е отворено, кажано нема потреба за нервози. За верување не е до тоа. Верувам многу. Но се плашам ли? Да. Искрено да, понекогаш. Кога ке ме потера на таму мозокот. Еве на пример како сега, четири саатот по полноќ, а мене мозоков ме силува како што си сака. Ама мислам дека е редно време да ги замениме улогите. На место тој мене да ме ебава, дај малце јас него. Да уживам и да престанам да размислувам за се што е негативно. Па и онака е еден животот а и како да речам, само јас можам да разберам на тој начин и да го искажам со тие зборови, така да не верувам дека ке бидам точно разбрана. Ма да, не мислам ради мене, туку ради тебе, пошто те сакам. Многу, не знам зошто, не знам кога почнав ама те сакам од првиот поглед. А и стално ми викаш, ме поучуваш. Ти верувам. А и знам дека е точно тоа што го кажуваш. Сепак важно е како изгледа а не што е општа вистина нели? Во право си, за се. А и па да те послушам како постар нели? Биди ми мој учител и понатаму. Дај учи ме како треба да стојат работите, за што треба, а за што нема потреба да размислувам и да го заморувам мозоков. Дај научи ме уште повеќе да уживам во работите и да не се замарам за ништо. Само да уживам. Во убавото, во нас двајца. Во среќата, насмевките, пиењето и се друго. Ти се предавам, затоа што со секој твој збор ти истеруваш по некоја од овие психотични мисли кои ми се вртат во главата. Твоја сум. И успеваш да ме скротиш, ти симнувам капа. Те сакам.